top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бугарите тврдат: Македонија ќе биде казнета од УЕФА!


Бугарија ја совлада Македонија (1-0) на средбата во Лигата на нации, победа со која тие избија пред нас на табелата и го исвоија второто место во групата зад Грузија.

Овој триумф донесе задоволство кај источниот сосед, но понатаму има доста реакции кај нив за дочекот кој го имаа во Скопје, исвиркувањето на националната химна и навредите. Тие се убедени и тврдат дека Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе ја казни Македонија за однесувањето на навивачите на националната арена „Тодор Проески“.

Имено изрвшиот директор на бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Попов го спореди овој натпревар со оној нивниот со Англија (пред три години) кога беа обвинети за расизам.

-На нашиот натпревар свирежите беа многу потивки и делегатот ги опиша. Колегите со кои разговарав и кои беа на натпреварот со Македонија ми кажаа дека делегатот ги запишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра, -изјави Попов за БНТ.


1 view

Comments


bottom of page