Брус Вилис со необична маска на Ноќта на вештерките
03.11.2021 Noemvri Sreda
Тој играше многу ликови низ годините.
А оваа Ноќ на вештерките, Брус Вилис е непрепознатлив.
Сопругата на 66-годишниот актер, Ема Хеминг Вилис (43), во понеделникот се огласи на Инстаграм за да сподели снимки од празничниот викенд, каде Брус го замагли своето познато лице со застрашувачка реалистична маска.
Таткото на пет деца го прослави празникот со сопругата, со која е во брак 12 години, и двете најмлади ќерки, Мејбел Реј (9) и Евелин Пен (7).
Ема Вилис сподели две фотографии за своите 163.000 следачи на социјалната мрежа и напиша: „Се надевам дека имавте среќна Ноќ на вештерките“.
Таа на шега додаде: „Ние секако имавме и по пат го собравме овој рандо тип, само немојте да му кажете на мојот сопруг“.
Нејзината поќерка Скаут Вилис (30) се придружи на коментарите за шеговитата објава.
Таа го искоментира несоодветниот изглед на својот татко. „Оваа маска е навистина застрашувачка.. какво семејно наследство“, напиша таа, на што Ема одговори: „Засекогаш застрашувачка“.
Ема и Брус се во брак од 2009 година. Пред тоа тој беше во брак со Деми Мур од 1987 до 2000 година, со која останаа блиски пријатели и по разводот.
Comentários