Брус Вилис и Мерлин Монро во ист филм со помош на АИ магија
Брус Вилис може да се појави покрај Мерлин Монро во холивудски блокбастер со магијата на вештачката интелигенција (АИ). Ѕвездата на „Умри машки“ се повлече од актерството на почетокот на оваа година откако му беше дијагностицирана афазија – нарушување кое влијае на когнитивните функции – а сега стана првата холивудска икона што ги продаде своите права на технолошката фирма „Дипкејк“, дозволувајќи им неговата слика која се движи и говори да се користи во филмови и ТВ. Филмските актери, поранешни и сегашни, сега можат да глумат заедно на екранот, како што е откриено во новиот документарен филм Tech To The Future. Револуционерниот договор го отвора патот за враќање на неактивни или мртви изведувачи во живот, при што Брус „глуми“ во руска реклама за телефони со инженери што ја прикачуваат неговата дигитално создадена глава на двојник на човечко тело. Режисерот на документарецот, Сандро Монети, тврди дека развојот може да го промени Холивуд засекогаш бидејќи „Дипкејк“ има за цел да стане најголемата глобална агенција за таленти. „Тие размислуваат многу повеќе отколку да ја користат оваа технологија само за рилс-видеа на Инстаграм“, рече тој. „Дипкејк сака голем дел од холивудскиот колач – и ако може да ги добие правата на ѕвездите живи и мртви, би можел и да го добие.“ „Овој развој на настаните ја менува филмската индустрија – тоа не е посмртно ѕвоно за сегашните ѕвезди, туку нова можност. Денешните актери сега имаат шанса да го делат екранот со класичните идоли како Кери Грант или Мерилин Монро. Ако оваа технологија беше достапна малку порано, можевме да го видиме Елвис во неговиот биографски филм“.
Comments