Брус Вилис го променил тестаментот откако му била дијагностицирана афазија
Актерот Брус Вилис, наводно, го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија.
Добивај вести на вибер
Неговото богатство од 250 милиони долари ќе го наследи неговото семејство. Тој ќе остави 1 милион долари на ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (28), кои ги има со Деми Мур, изјави извор за „Радар онлајн“.
Изворот откри дека најголемиот дел од парите ќе ги наследи сегашната сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8).
„Брус сака неговите најмали деца да бидат финансиски безбедни. Тој мисли дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Брус првпат го смени тестаментот во 2009 година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца. И уште еднаш повторно кога дознал дека има сериозни здравствени проблеми“, додаде инсајдерот.
Актерот исто така верува дека Деми, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, секогаш ќе биде тука за Румер, Скаут и Талула.
Comments