top of page

Бруно Фернандеш се налути на јавноста: Лани велеа едно, сега друго

Португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш и оваа сезона е меѓу најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа често знае да биде на мета на критики од јавноста. Иако падна во сенка на неговиот сонародник, Кристијано Роналдо, Бруно и годинава прикажува солидни партии кои не се толку многу зачинети со погодоци како лани. Токму поради тоа јавноста му замери на Фернандеш кој пак сега имаше одговор на критиките кои постојано се вртат околу него. – Не постигнувам голови затоа што сум далеку од голот, едноставно е. Начинот на кој игравме на последните натпревари и подлабоката улога која ја имам се причина за тоа. Знам дека многумина се вознемирени што се намалија головите, но сега почнаа да растат асистенциите. – Минатата сезона сите зборуваа дека давам многу голови, но дека повеќето од нив се од пенали и дека не играм баш добро. Сега јас играм добро, давам доста асистенции, а луѓето коментираат дека не давам голови. Тоа секогаш ќе биде проблем. – Лично никогаш не сум среќен со моите настапи, секогаш сакам да напредувам и да бидам подобар. Секоја сезона сакам да имам подобри бројки од годината претходно, -изјави Бруно Фернандеш.


 
 
 

コメント


bottom of page