top of page
Search

„Бројлерски свет“ – нова книга на Стефан Влахов Мицов


05.07.2024 Juli Petok

„Бројлерски свет“ е насловот на новата книга на проф. д-р Стефан Влахов – Мицов во издание на „Матица македонска“ од Скопје. На страниците од своето најново дело, авторот пишува за моменталната светска криза и за вообразениот хомо „сапиенс“, како и за спиралата на хаосот во светски рамки.

Како што соопштија од издавачката куќа, посебен акцент авторот става на зомбирањето во времето на национализмите, како и на дејствата на светската „Влада во сенка“ преку наднационални институции и корпорации.

Во редакциската препорака на изданието се констатира дека во книгата авторот предупредува оти светот се урива пред нашите очи со брзината на тонењето на некогашниот „Титаник“. И реакциите се исти како на овој брод, едни не разбираат што се случило, други се испаничени, трети чекаат спас од политичките водачи или од Господ. Заедничко за сите нив е дека дејствуваат како бројлери, независно од различната етничка, религиозна, културна, економска и идеолошка припадност.

Стефан Влахов-Мицов (1956, Габрово) е автор на дваесет и пет книжевни и научни дела, високо вреднувани од критиката. Неговото капитално дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика интерес кај научните и политичките кругови и доживеа неколку изданија.

За својот опус Стефан Влахов-Мицов е добитник на награди и признанија, меѓу кои и на државната награда за животно дело „23 Октомври“ во областа на науката.


2 views

Comments


bottom of page