top of page
Search

Брони Џејмс конечно погоди тројка и го одигра најдобриот меч во дресот на Лејкерс (ВИДЕО)

18.07.2024 juli Cetvrtok

Составот на Лос Анџелес Лејкерс ја забележа првата победа во Летната лига што се игра во Лас Вегас во меч во кој конечно на повисоко ниво заигра новото име во дресот на „езерџиите“ Брони Џејмс.

Синот на Леброн не се прослави во првите мечеви во дресот на Лејкерс каде просечно бележеше по 4,3 поени и ги промаши сите 15 удари за три поени, но ситуаицјата се промени против Атланта Хокс каде уфрли 12 поени со тоа што имаше 2 тројки од 5 обиди меѓу кои и клучна кога се решаваше победникот.

Само за потсетнување Брони беше избран како 55 пик на овогодинешниот НБА драфт и притоа доби загарантиран договор со клубот од Калифорнија.


0 views

Comments


bottom of page