top of page
Search

Брозовиќ си тера мајтап со Саудијците (Фото)

Дел од италијанските медиуми пред три дена на големо пренесуваа дека Марсело Брозовиќ ја прифатил понудата за преселба во Саудиска Арабија, а бидејќи шпекулациите траат и во последните 24 часа, доста активен на социјалните мрежи е и самиот Хрват.

Искусниот играч за врска во неколку наврати порача дека не ги разбира прошталните пораки во ситуација кога ништо не е официјално, но сега реши да си тера мајтап и со газдите од Саудиска Арабија.

Брозовиќ истовремено е мета и на Барселона и Чави Ернандес силно го посакува во својата Барселона, но јасно е дека каталонскиот гигант не може да му ја овозможи платата која би ја добил во арапската земја.

Новинарите од Италија во последните информации велат дека Брозо нема да оди во Саудиска Арабија за помалку од 30 милиони евра, а на една таква објава, се јави и самиот фудбалер.

– 50 милиони евра ќе бидат доволни….., – со шеговити емотикони коментира Хрватот.


1 view
bottom of page