top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бродот на фараонот Кеопс префрлен вo Големиот египетски музеј

Updated: Aug 11, 2021

10.08.2021 Avgust Vtornik

Бродот од периодот на египетскиот фараон Кеопс, наречен соларен брод, древно пловило старо околу 4.600 години, е префрлен од Гиза во Големиот египетски музеј.

Соларниот брод е преместен во рамките на акцијата за заштита и зачувување на најголемите и најстари артефакти изработени од дрво во историјата на човештвото, за да се сочуваат за идните поколенија – се наведува во соопштението на Министерството за туризам и културно наследство на Египет.

Биле потребни 48 часа овој древен брод од кедрово древо, долг 42 метри и тежок 20 тони, да се пренесе во Египетскиот музеј.

– Соларниот брод на фараонот Кеопс е транспортиран во едно парче, ставен во метален контејнер, со возило на далечинско управување, увезено посебно за оваа операција – изјави Атеф Мофтах, раководител на проектот.

Кеопс бил втор фараон на четвртата династија, а познат е по тоа што наредил изградба на големата Кеопсова пирамида во Гиза. Неговото име Кнум-Кјхуфви на староегипетски значи богот Кеопс штити.


6 views

Comments


bottom of page