„Брливо шилеже“ – нова книга од Божин Андоновски
„Брливо шилеже“ е наслов на новата книга на Божин Андоновски, во издание на Пелагонски културно-научни средби – Новаци. Во книгата, која деновиве беше промовирана во Битола, авторот преку 23 раскази или искази на луѓе, како и сопствени сеќавања прави конструкција и реконструкција на историјатот на еден регион.
Според рецензентот, универзитетскиот професор Златко Жоглев, авторот Божин Андоновски во расказите внесува многу луцидни и креативни коментари поврзани со народната традиција и верувања кои всушност служат како инспирација за повеќе раскази од книгата.
Рецензентката, универзитетски професор Гордана Стојаноска, пак, посочи дека книгата „Брливо шилеже“, иако повеќето раскази навидум имаат цел да насмеат и расположат, ако се спуштиме подлабоко во нив, тие раслојуваат и опишуваат многу битни општествени настани и состојби.
Уредничката на книгата, универзитетскиот професор Даниела Андоновска- Трајковска, потсети дека Андоновски е автор на седум книги, односно две трилогии „Лет над урнатите гнезда“ и „Оживеани искри“ и збирката реалистично-хумористични раскази „Брливо шилеже“.
Commentaires