Бритни сподели фотографии на кои е целосно гола
Бритни Спирс предизвика загриженост кај фановите кога вчера на својот инстаграм-профил објави девет фотографии на кои е целосно гола, со емотикони што покриваат минимален дел од интимните делови.
„Фотографии од моето последно патување во Мексико пред да имам бебе во мене“, напиша таа и додаде: „Зошто, по ѓаволите, изгледам десет години помладо на патувањата?“
Фановите напишаа во коментарите дека се загрижени за поп-ѕвездата (40) сакајќи да дознаат зошто објавува иста фотографија неколкупати. Има и такви што сметаат дека таа им покажува премногу на своите 41 милион фанови.
Неколку минути потоа Бритни сподели уште три разголени фотографии, многу слични на првите.
„Оваа жена е болна, моли за помош“, напиша еден корисник на социјалната мрежа, а друг е убеден дека Бритни била под надзор на својот татко со причина.
Бритни била во Мексико со свршеникот Сем Асгари кога биле направени фотографиите. Парот моментно го очекува своето прво заедничко дете.
Во ноември минатата година, по огромната медиумска покриеност на судскиот процес, Бритни ја врати контролата врз своите финансии и лични одлуки по цели 13 години. Фановите ја поддржаа во обидот да се ослободи од надзорот на својот татко Џејми Спирс.
Сега кога тоа се случи, некои фанови се загрижени и мислат дека надзорот постоел со причина.
„Навистина сакав да престанеш да го правиш ова. Постојано докажуваш дека има нестабилност“, коментира еден фан, а друг додава: „Почнувам да мислам дека оние што те контролираа требаше да продолжат“.
Нејзината најнова објава на „Инстаграм“ доаѓа откога таа соопшти дека се повлекува од социјалните мрежи. Тоа, сепак, траеше само еден ден.
Comments