Бритни Спирс: Ќе ми треба некакво чудо за моите емоции
Бритни Спирс откри дека плаче пред да заспие додека се бори со своите несигурности. 40-годишната ѕвезда сподели потресна објава со своите фанови додека се отвори за начинот на кој луѓето се прикажуваат себеси на социјалните мрежи и се присети на нејзините трауми од минатото. „Тоа е лудо… социјални мрежи… животот на сите изгледа совршен и кога објавувам работи мислам дека најчесто сум целосно засрамена од моето минато… кој може да ги заборави тие документарни филмови?“ напиша таа. „Така што, се трудам да објавувам дека изгледам најдобро или како може да изгледа добар живот… вистина е дека моето расположение е подобро, но засекогаш ќе бидам трауматизирана од моето минато искуство… „Нема начин да го надминам сето тоа, моите емоции и чувствителност…терапија, сето тоа!!! Мислам дека ќе ми треба некакво чудо за моите емоции.“ Бритни потенцира дека нејзиниот живот не е како што изгледа во нејзините објави на социјалните мрежи. „Мојот живот во никој случај не е совршен… Плачам додека да заспијам повеќето ноќи. Чувствувам несигурност.“
Comments