top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс ќе добие 15 милиони долари за нејзината животна приказна

Бритни Спирс, наводно, треба да добие над 15 милиони долари за да ја раскаже својата животна приказна.

Поп-ѕвездата, на која минатиот ноември ѝ беше укинат спорниот конзерваторски надзор по 13 години, наводно, постигнала договор со издавачката куќа „Сајмон Шустер“ за мемоари. Овој договор следи по голема војна на наддавање.

Извор за колумната „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“ изјави: „Договорот е еден од најголемите на сите времиња, по тој за семејството Обама“.

Правата за книгите на Барак и Мишел Обама беа продадени во 2017 година, а сумата, наводно, ја надминала цифрата од 60 милиони долари, претходно позната како најголема досега за нефикциска книга.

Во 2001 година, на поранешниот претседател Бил Клинтон му беа платени 15 милиони долари за неговата автобиографија „Мојот живот“.


2 views

Comments


bottom of page