top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс ја објави својата свршувачка со Сем Асгари

Поп-sвездата Бритни Спирс, која се бори против контроверзното старателство што управува со нејзиниот личен живот и со финансиите, во неделата (12 септември) објави дека е свршена со своето момче Сем Асгари, со кое е заедно со години. Пејачката сподели видео на кое стои покрај Асгари и покажува сјаен прстен на раката. „Не можам да поверувам“, напиша таа во описот додавајќи емотикони со прстен. Асгари одделно објави фотографија на која парот се бакнува, а Спирс го покажува прстот со прстенот. Менаџерот на Асгари, Брендон Коен, потврди дека тие се свршиле. „Двојката денес ја официјализира својата долгогодишна официјална врска и тие се длабоко трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта што им се укажува“, соопшти Коен преку е-пошта. 39-годишната Спирс претходно двапати беше во брак. Во 2004 година во Лас Вегас се омажи за пријателот од детството Џејсон Александар, но тој брак беше поништен неколку дена подоцна. Подоцна истата година таа се омажи за танчарот Кевин Федерлин, со кого има две деца, пред бракот да заврши со развод во 2007 година. 27-годишниот Асгари, роден во Иран, е личен тренер и актер кој се појави во серијата Black Monday нa „Шоутајм“. Тој и Спирс почнаа врска во 2016 година. Во јуни Спирс изјави пред судот во Лос Анџелес дека 13-годишниот конзерваторски надзор, делумно контролиран од татко ѝ, е насилен. „Си го сакам животот назад“, рече таа. „Се надевам дека ќе се омажам и ќе имам уште деца“. Минатата недела, таткото на Спирс, Џејми Спирс, поднесе документи во кои бара од судот да се укине спорниот надзор. Следното судско рочиште за случајот е закажано за 29 септември.



2 views

ความคิดเห็น


bottom of page