top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс ја обвини мајка си дека ѝ го уништила животот

Бритни Спирс ја обвинува мајка си за конзерваторскиот надзор воспоставен од страна на судот пред 13 години. Таткото на поп-ѕвездата, Џејми Спирс, го имаше главниот збор за нејзините лични и финансиски работи. Но, во најновата објава на социјалните мрежи пејачката тврди дека тоа било идеја на мајка ѝ Лин. „Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми е таа што му ја дала идејата“, рече таа. „Никогаш нема да ги вратам тие години… таа тајно ми го уништи животот“. Во сега веќе избришаната објава на „Инстаграм“, Бритни продолжи: „Точно знаеш што направи. Татко ми не е доволно паметен за некогаш да помисли на конзерваторство, но вечерва ќе се насмеам знаејќи дека има нов живот пред мене“. Според некои медиуми, објавата на Бритни се чини дека е поттикната од таткото Џејми, кој побара итен и безусловен прекин на конзерваторскиот надзор.


4 views

Comments


bottom of page