Бритни Спирс со дијамантски прстен, медиумите шпекулираат дека е свршенички
Updated: Jul 21, 2021
20.07.2021 Juli Vtornik
Бритни Спирс беше забележана како носи дијаматски прстен на раката на која обично се става свршенички прстен. Во неделата 39-годишната пејачка беше фотографирана со своето момче, фитнес-тренерот Сем Ашгари (27), како зема кафе од „Старбакс“ и го покажува прстенот. Фотографијата веднаш предизвика шпекулации во медиумите среде правната битка да ја отстрани контролата на таткото Џејми Спирс врз нејзиниот живот. Кога сведошеше во суд минатиот месец, Бритни реќе дека конзерваторскиот надзор ја спречува да се омажи со Сем, со кого е во врска од 2016 година, и исто така ја спречува да има бебе со него. Ѕвездата, која има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, тврди дека татко ѝ ѝ го контролирал секој аспект од нејзиниот живот принудувајќи ја да користи импланти за контрола на раѓање за да спречи да има повеќе деца.
Comments