Search
Бритни Спирс сака да издаде книга, бара помош од фановите за насловот
- Aleksandar Santovski
- Oct 14, 2021
- 1 min read
Бритни Спирс размислува да зачекори во книжевниот свет и да ги следи стапките на своите мајка и сестра. Во вторникот попладне поп-ѕвездата се огласи на „Инстаграм“ и откри дека планира да издаде книга. Таа побара од фановите помош за насловот. 39-годишната поп-ѕвезда сподели фотографија со долг наслов со неколку идеи за можен наслов откако нејзината сестра, Џејми Лин, се соочи со остри реакции затоа што првично на своите мемоари им даде наслов I Must Confess, но подоцна го смени.


Kommentarer