Бритни Спирс прави пауза на социјалните мрежи по свршувачката
15.09.2021 Septemvri Sreda
Американската поп-sвезда Бритни Спирс најави дека прави пауза од социјалните мрежи за да ја прослави свршувачката. 39-годишната Бритни минатата недела објави дека ќе се омажи за своето момче, а сега и свршеник, Сем Асгари, со кого е во долга врска. Откако го избриша својот профил на „Инстаграм“, Спирс им рече на фановите на „Твитер“: „Не грижете се… набргу ќе се вратам“. Таа ги користеше своите профили на социјалните мрежи за да ги известува фановите за правната битка за ставање крај на 13-годишниот конзерваторски надзор, кој го контролира нејзиниот личен живот и финансиите. Ваквиот надзор беше наметнат во 2008 година кога се појави загриженост за нејзиното ментално здравје. Според неколку американски портали, пејачката пред да го избрише својот инстаграм-профил, споделила објава на „Инстаграм“ во која пишува: „Чекав 13 години за својата слобода“.
Comments