top of page

Бритни Спирс поканета во Конгресот да ја сподели приказната за спорното старателство

Бритни Спирс е поканета во Конгресот да сподели како постигнала правда со укинувањето на т.н. конзерваторски надзор. 40-годишната поп-икона доби писмо од двајца членови на Конгресот во САД ,во кое ѝ честитаат за историската победа откога таа и нејзиниот адвокат Метју Розенгарт минатиот ноември успешно го прекинаа 13-годишниот надзор над нејзиниот живот. Бритни го сподели писмото на својот инстаграм-профил и призна дека била поласкана во моментот на добивањето на писмото од Вашингтон, но тогаш уште била во фаза на заздравување. Таа ветува дека ќе им помогне на другите во „ранливи ситуации да се справат со животните предизвици и да бидат храбри“. Покрај копијата од писмото, Бритни напиша: „Веднаш бев поласкана, во тоа време не бев ни приближно во фаза на заздравување во која сум сега. Благодарна сум што мојата приказна е призната!!! Поради ова писмо, се чувствував слушната и како да сум важна првпат во мојот живот“.


 
 
 

Comentarios


bottom of page