top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс официјално се враќа на музиката со дует со Елтон Џон

Бритни Спирс (40) ѝ се враќа на поп-музиката со дует со 75-годишната музичката легенда Елтон Џон. Песната со наслов Hold Me Closer е обновена верзија на неговиот хит од 1971 година, Tiny Dancer. Соработката за која се пишуваше со месеци ја потврди Елтон на „Инстаграм“ споделувајќи фотографија со роза и емотикон ракета, под која напиша: hold me closer. Бритни, која неодамна се венча со Сем Асгари, беше ослободена од законскиот договор што му овозможуваше на татко ѝ Џејми Спирс да ги контролира нејзиниот живот и финансиите од 2007 година кога беше ставена под специјален надзор поради тешкотии со менталното здравје.


1 view

Comments


bottom of page