Бритни Спирс нема да настапува додека татко ѝ ѝ ја контролира кариерата
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Поп-ѕвездата Бритни Спирс предупреди дека нема да настапува додека татко ѝ ѝ ја задржува контролата над нејзината кариера. Во емотивна објава на социјалните мрежи таа пишува дека конзерваторскиот надзор, под кој се наоѓа веќе 13 години, ги убил нејзините соништа. Долгата објава на нејзиниот инстаграм-профил во саботата е најнова во низата емотивни коментари во јавноста среде битката да издејствува правна и финасиска слобода. „Нема да настапам на која било сцена набргу за татко ми да контролира што облекувам, кажувам, правам или мислам“, напиша Бритни. „Повеќе сакам да споделувам видеа од мојата дневна соба наместо на сцената во Вегас… Нема да ставам шминка и да пробам да пеам на сцена и да не можам да направам вистинска работа со ремикси на моите песни“, додаде таа. Таткото на поп-sвездата, Џејми Спирс, има единствена контрола врз имотот на својата ќерка вреден 60 милиони долари во согласност со таканаречениот конзерваторски надзор што му го додели судот во 2008 година. Спирс веќе назначи нов адвокат што ќе ја застапува во обидот да се стави крај на таквиот надзор, што таа го опишува како насилен. „Оваа конзерваторство ги уби моите соништа… така што сè што имам е надеж, а надежта е единственото нешто на овој свет што е многу тешко да се убие“, напиша таа во саботата.
Comentarios