top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс на тропски меден месец

Бритни Спирс ги покажа затегнатите стомачни мускули во бикини додека ужива во „дождливиот“ меден месец со својот сопруг Сем Асгари. Бритни и Сем се венчаа во јуни. 40-годишната хитмејкерка сподели видео на својот Инстаграм на Денот на независноста, а на него се гледа како шета на плажа во бикини. Горниот дел е во неонска зеленa боја, а долниот дел има гепард-принт. Иако изгледа дека времето е добро, пејачката се пожали на недостаток на сонце, и напиша: „Секако дека на мојот меден месец сонцето не излегува!“. Се чини дека клипот е снимен од нејзиниот сопруг, чија сенка може да се види насекаде.




1 view

Comments


bottom of page