top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс му порача на семејството: Ме повредивте и сакам правда

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Пејачката Бритни Спирс сподели фотографија со машина за пишување и три розови рози, но текстот што го напиша не се однесува на фотографијата. Во својата објава на „Инстаграм“ таа го нападна целото семејство. „Всушност, смачено ми е од улогата на разумна Мајка Тереза. Ако сте непристојни со мене, јас завршив со вас. Мир. Оваа порака е до моето семејство затоа што ме повреди подлабоко отколку што некогаш ќе дознаат“, напиша пејачката. „Знам дека конзерваторството ќе заврши набргу, но сепак сакам правда. Висока сум само 163 инчи и целиот живот глумев поголема личност. Знаете ли колку е тешко тоа?“, додаде таа.



2 views

Comments


bottom of page