top of page
Search

Бритни Спирс доби казна за сообраќаен прекршок

Бритни Спирс ќе мора да плати уште една казна откога сообраќајната полиција, вторпат за неполни два месеца, ја запре по направен сообраќаен прекршок. Автомобилот на поп-ѕвездата (41) бил запрен од патрола на автопатот во Калифорнија поради непрописно вртење. Бритни добила глоба од 327 долари бидејќи преминала две полни ленти. Според ТМЗ, казната треба да ја плати до 21 ноември. Ова доаѓа само неколку недели откако Бритни беше казнета за возење без дозвола и без потврда за осигурување. Тогаш ѝ беше изречена казна, освен за дозволата, и за два други помали прекршока, и мораше да плати 1.140 долари. Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт изјави за „Пејџ сикс“: „Бритни во секое време со себе носи возачка дозвола и осигурување, ова е функционален еквивалент на казна за паркирање“.


0 views

Comments


bottom of page