Search
Британците останаа без злато за стотинка, Џемили со коментар: Мораше да биде Италија (Видео)
Италијанската штафета на 4×100 метри стигна до златните медали на Олимписките игри во Токио, победувајќи ја Велика Британија за само една стотинка.
Квартетот Џејкобс-Пата-Десталу-Торту ја истрча делницата од 400 метри за 37,50 секунди, додека Британците со 37,51 мора да се задоволат само со сребрените медали.
Она што го прави поразот поболен е фактот што Британците испуштија сериозна предност во последните сто метри, пред се поради фантастичниот спринт на Филипо Торту.
По денешниот епилог, интересен коментар имаше британскиот спринтер Адам Џемили, кој го поврза поразот со фудбалското разочарување на Англија на последното Европско првенство.
Comments