Британците го „наградија“ Србинот: Ѓоковиќ е „КОВИДИОТ на годината“
21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК
о денови кога угледниот „Би-Би-Си“ ја прогласува спортските личности на годината, реномираниот „Дејли меил“ одлучи на своја рака да смисли и една неблагодарна анкета, во која „наградата“ му ја додели на светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.
Добро познато е дека љубовата меѓу британските медиуми и Ѓоковиќ не постои, но сега „Дејли меил“ отиде чекор предалеку, прогласувајќи го Србинот на „КОВИДИОТ на годината“.
Како што објаснува познатиот медиум од Островот, во оваа категорија се вбројани сите познати спортски личности кои ги прекршуваа правилата за време на затворањето кое го предизвика коронавирусот, а во жестоката конкуренција, за нив убедлив победник е Ѓоковиќ.
– Имаше неколку сериозни кандидати за нашата најголема награда за 2020-та година. После се, спортски ѕвезди кои ги прекршуваа правилата имаше секоја недела, а листата ја водеа домашни играчи како Фил Фоуден, Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Хадсон Одои. Сепак, оваа награда оди во рацете на тениската ѕвезда, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.
– Ако мислите дека погодувањето на судијката на Ју-Ес опен е негов најконтроверзен момент, тогаш се лажете. Тој организираше егзибициски турнир на Балканот додека цел свет беше затворен во јуни, а со тоа изби на првото место на КОВИДИОТ ранг листата, – објаснува „Дејли меил“.
Comments