Британските музичари го зголемуваат притисокот за турнеи во земји на ЕУ
09/02.2021 februari vtornik Музичките sвезди од Велика Бритнија, вклучувајќи ги сер Елтон Џон и „Рејдиохед“, вршат притисок врз владата да ги реши проблемите околу турнеите во земјите членки на Европската Унија по брегзит. Уметниците од Велика Британија ќе се соочат со бирократија и давачки за визи за да одржат концерт или турнеја во некои земји на ЕУ. Сер Елтон Џон изјави за „Гардијан“: „Или преговарачите за брегзит не се грижеа за музичарите, или не размислуваа за нив, или не беа… подготвени“. Но, министерката за култура Керолајн Диненејџ рече дека владата „се залагала за решение и дека вратата е сè уште отворена“. Таа им рече на пратениците во понеделникот дека владата претстави „многу јасен план“ за да им се дозволи на музичарите да патуваат без работни дозволи, изготвен „во консултација со експерти од Велика Британија и од креативните сектори“. Таа додаде: „Едноставно, ЕУ го одби овој предлог“. Брисел претходно го тврдеше спротивното, велејќи дека всушност Велика Британија е таа што ја одбила неговата понуда, пишува Би-би-си. Во меѓувреме, Колин Гринвуд од „Рејдиохед“ рече дека владата не сторила доволно за креативните индустрии во преговорите. „Како Хамбург што беше за Битлси, и Европа беше клучна за нашиот раст како бенд“, напиша басистот во „Гардијан“. „Ни овозможи да се видиме себеси одврзани од нашите корени во Велика Британија и да замислиме живот во музика што може да допре до публика насекаде. Создадовме трајни пријателства, гостувавме со музичари од Европа и нурнавме длабоко во нејзините клубови, фестивали, продавници за плочи и музички куќи.“
Commentaires