Британски фармер на 84 години стана јутјубер
Updated: Jun 19, 2021
19.06.2021 Juni Sabota
Британецот Џон Батлер е бивш фармер, кој на 84 години стана јутјубер и сега има 120.000 следбеници. Многумина му се благодарни на советите во борбата против анксиозноста во текот на пандемијата на коронавирусот. Неговите видеоснимки, во кои говори за животот и медитацијата, имаат милионски прегледи. По интервјуто во 2016 година, тој стана популарен меѓу лицата што практикуваат автономен сензорен мердијален рефлекс (АСМР).
Станува збор за методи за опуштање што се разликуваат од култура до култура, но зависат од самиот поединец. Главно, тоа е пријатно чувство при масирање на грбот, чешлање на косата, предизвикани од разни звуци, вибрации и слично. И додека бил фармер, Батлер се занимавал со медитација. Тој со своите совети им помагал на другите ментално да се релаксираат. Како што вели, воопшто не знаел што е тоа Јутјуб, а многу малку знаел и за интернет. Неговиот јутјуб-канал се вика „Духовен расплет со Џон Батлер“.
– Мислам дека снимките на Џон ни даваат слобода во периодот кога сме многу ограничени – изјавила Јасмин Бучер од В.Британија. Таа е еден од неговите задоволни следбеници, чиј број постојано се зголемува. Џон на сите им порачал оти му е драго што може со другите луѓе да го сподели она што и на нему му причинува задоволство, објави Би-би-си.
Comments