top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Британски медиуми: Тројца членови на кралското семејство го игнорираа Хари на погребот

19.04.2021 April Ponedelnik

Тројца членови на кралското семејство го игнорираа принцот Хари на погребот на принцот Филип, изјави извор за „Дејли мејл“. Принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи го одбегнуваа Хари и не сакаа да имаат никаков контакт со него, а недостигот на интеракција беше потврден од бројни камери, кои не ја снимија нивната средба или разговор. Ова беше првпат Хари да зачекори во Велика Британија откако тој и Меган Маркл дадоа интервју за Опра Винфри во кое тие ја обвинија „фирмата“ за ширење лаги и тврдат дека еден член на кралското семејство бил „загрижен“ колку ќе биде темна кожата на Арчи пред да се роди момчето. Интервјуто, кое беше прикажано низ целиот свет минатиот месец, се верува дека придонело за раздор меѓу Сасекс и кралското семејство. Изворот рече дека Хари бил пречекан на дворот со голема воздржаност и дека биле доста ладни кон него. „Сите мислат дека неговото однесување е неприфатливо и се залагаат за кралицата.“ Иронично, единствениот што се однесуваше убаво кон него беше принцот Ендрју, затоа што тој знае како е да се биде аутсајдер, рече изворот. И покрај овие обвинувања, браќата принцот Вилијам и принцот Хари беа снимени како разговараат по погребот, а некои тврдат дека разговорот траел два часа и дека им се придружил и нивниот татко, принцот Чарлс.



1 view

Comments


bottom of page