Британка се жали дека пријателите не ја канат на родендени затоа што е убава
25.01.2022 januari Vtornik
25-годишната модна асистентка Лили Питфилд од Лондон тврди дека нејзиниот изглед ѝ создава проблеми во склопувањето пријателства. „Изгубив некои пријатели бидејќи не им се допаѓаше да бидам во центарот на вниманието, иако навистина не сакав да бидам“, изјави Лили, за весникот „Сан“. „Други не сакаа да ме поканат на нивните роденденски забави бидејќи беа загрижени дека ќе им го украдам вниманието. Девојките можат да бидат злобни и расипани. Тоа е фрустрирачки, затоа што сум љубезна и скромна, воспитана сум така што сметам дека една личност мора да биде убава и однатре и однадвор“, се жали Лили. Таа тврди дека за својот изглед првпат станала свесна на 18 години кога непознат маж ѝ испратил пијачка во клуб бидејќи му се допаднала како изгледа. „Тоа ја зголеми мојата самодоверба, дотогаш не знаев дека изгледот може да влијае на тоа како луѓето се однесуваат со вас.“ „Кога излегувам со моите пријатели, момци постојано ми приоѓаат и ми праќаат бесплатен пијалак, а од обезбедувањето ме пуштаат да влезам внатре преку ред. Тоа понекогаш им пречи на моите пријатели бидејќи не добиваат ист третман. Јас никогаш не излегувам со претпоставка дека тоа ќе се случи, тоа едноставно се случува.“
Comentarios