top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бриаторе се врати во Формула 1

21.06.2024 Juni Petok

Некогашниот контроверзен тимски шеф на тимовите Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе, официјално се врати во Формула 1 и тоа како дел од тимот на Алпин.

74-годишниот Италијанец ќе биде извршен советник на францускиот тим и доаѓа на барање на Лука де Мео, првиот човек на францускиот гигант „Рено“, кој е и сопственик на Алпин.

Токму Рено беше и последен Ф1 тим во кој Бриаторе работеше во Ф1, пред да се повлече во 2009 година, поради обвинувањата за местење на исходот на трката во Сингапур во 2008 година.

Бриаторе беше обвинет дека му наредил на Нелсон Пике да предизвика инцидент на патеката, за неговиот клупски колега Фернандо Алонсо да стигне до победата, а ФИА го посочи како диригент на целата ситуација и му забрани секаква функција во спортот.

Сепак, во 2010 година одлуката беше укината од страна на францускиот суд, а Бриаторе остана на периферијата на Формула 1 и беше инволвиран само преку соработката со Алонсо.

Бенетон освои две Ф1 титули со Михаел Шумахер во болидот и Бриаторе како тимски шеф, а по 2000 година Италијанецот ја доби истата функција во Рено.


0 views

Commentaires


bottom of page