Search
„Брзи и бесни 9“ заработи 70 милиони долари за два дена
- Aleksandar Santovski
- Jun 29, 2021
- 1 min read
Деветтото продолжение на франшизата „Брзи и бесни“ оствари заработка од 70 милиони долари во првите два дена од прикажувањето во САД, објави „Варајати“. Со ова филмот го собори рекордот на најголема заработка во киносалите од март 2020 година, по прогласувањето на пандемијата на коронавирусот. Овој рекорд досега го држеше „Мирно место 2“, со заработка од 48,3 милиони долари.
Вин Дизел потврди дека франшизата ќе добие уште две продолженија, кои во кината ќе стигнат 2023 и 2024 година. Ќе ги режира Џастин Лин, кој го потпишува и деветтото продолжение.

Comments