Бред Пит разочаран од наводите на Анџелина Џоли за семејно насилство
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2021
- 1 min read
22.03.2021 Mart ponedelnik
Бред Пит многу се разочарал откако во јавност се појави документ кој сугерира дека Анџелина Џоли во судската битка за старателството над нивните деца е подготвена да обезбеди доказ за домашно злоставување. Медиумите коментираат дека наводната расправија помеѓу синот Медокс (19) и Бред (57) во 2016 година е последната сламка за Џоли (45), која поднела документи во кои наведува дека и таа и нејзините деца се подготвени да понудат сведоштво во прилог на наводите, според документи до кои дојде „Бласт“. Судските документи кои протекоа во јавност укажуваат на тоа дека Џоли е спремна да презентира и доказ во прилог за наводното насилно однесување на Пит во текот на нивниот брак. „Сега Бред е со скршено срце бидејќи Анџелина тргна по тој пат. Многу емоции останаа по нивниот брак “, извор близок до актерот изјави за „Пејџ сикс“.


Comments