top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бред Пит ново лице на компанијата „Де’Лонги“

03.09.2021 Septemvri Petok

Оскаровецот Бред Пит тргна по стапките на својот пријател, ѕвездата на „Неспресо“ – Џорџ Клуни, потпишувајќи договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, „Де’Лонги“. Оттаму го најмија Пит како нов претставник, „амбасадор“ на брендот, се вели во соопштението на компанијата.

– Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога, рече извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.

Акциите на „Де’Лонги“ пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кусо по објавувањето и сега изнесуваат 39,48 евра. Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла Ленд“, Демијен Шазел, со Пит во главна улога.

Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел. Сите тие се „оскаровци“.


1 view

Comments


bottom of page