Бред Пит не успеа во барањето за ревизија на случајот со старателството
Врховниот суд на Калифорнија ја отфрли жалбата на Бред Пит во врска со случајотсо старателството над децата од бракот со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Адвокатскиот тим на Пит минатиот месец побара од судот уште еднаш да го разгледа случајот по изземањето на судијата Џон Одеркирк, објави „Пипл“ повикувајќи се на судски документи. Со отстранувањето на Одеркирк од случајот беше поништена пресудата што му даваше да помине повеќе време со своите пет малолетни деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (15 ) и со близнааците Вивиен и Нокс (13) враќајќи се назад на правен договор претходно воспоставен во ноември 2018 година. Судот пресуди: „Барањето е одбиено“ потврдувајќи ја дисквалификацијата од апелацискиот суд во случајот, пренесува „Пипл“.
Comments