Бред Пит има просопагнозија, загрижен е дека луѓето имаат погрешно мислење за него
Холивудската ѕвезда Бред Пит боледува од просопагнозија. На 58-годишниот актер никогаш официјално не му била дијагностицирана, но тој верува дека боледува од оваа состојба – тешкотија или неможност за препознавање лица – и смета дека тоа ги навело луѓето да имаат погрешно мислење за него. Во интервју за списанието GQ, Бред објасни дека често се бори да запомни нови луѓе и дека е загрижен што луѓето го сметаат за „далечен, повлечен, недостапен и самобендисан“. Кога авторката Отеса Мошфег му кажа на Бред дека нејзиниот сопруг верува дека ја има истата состојба, Бред рече: „Никој не ми верува! Сакам да запознаам друг“. Бред со години се бореше со својата состојба и во 2013 година призна дека многу луѓе го мразат поради тоа. Тој претходно изјави за Esquire: „Многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Затоа, се колнам во Бога, поминав една година во која си велев оваа година ќе се справам со овој проблем и ќе прашам некои луѓе каде се сретнавме. Но, ситуацијата само се влоши.“ „Луѓето беа уште повеќе навредени. Одвреме-навреме некој ќе ми пререче, а јас ќе одговорам: ти благодарам што ми помогна. И на крајот, морав да се откажам од повеќе луѓе.“ Просопагнозијата е тешкотија или неможност за препознавање лица. Ова е всушност невровизуелно нарушување при кое не сте во состојба да ги препознаете лицата на други луѓе.
コメント