top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бред Пит и Џорџ Клуни го снимаат трилерот „Волци“

Долгогодишните пријатели Бред Пит и Џорџ Клуни продолжуваат со снимање на филмот „Волци“, во продукција на стриминг-платформата „Епл ТВ плус“. Пит (59) и Клуни (61) беа забележани на ноќно снимање на локација во Њујорк во вторникот. Двете ѕвезди на The Ocean’s Eleven („Единаесттемина на Оушн“), кои немаат глумено заедно од Burn After Reading од 2008 година, повторно се обединија во овој многу очекуван проект. Пит на снимањето е во истата облека што ја носи последните неколку недели – бела кошула под црна кожена јакна. Двајцата колеги овој пат нема да бидат само актери, туку и ќе учествуваат во продукцијата, Пит со својата компанија „Плен Би ентертејнмент“, а Клуни со „Смоук хаус пикчрс“.




1 view

Comments


bottom of page