Search
Славниот холивудски актер Бред Пит и светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон ќе ги здружат силите во новиот тркачки филм кој треба да го режира Џозеф Косински.
Пит и Косински долго време сакаа да снимаат тркачки филм и речиси работеа заедно на адаптација на книгата „Оди како пекол“, иако тоа пропадна и на крајот стана „Форд против Фарари“.
Според пишувањата на „Холивуд репортер“, „Парамаунт“, „МГМ“, „Сони“, „Универзал“, „Нетфликс“, „Епл“, „Амазон“ и „Дизни“ конкурираат да ги добијат правата за филмот.
Самиот Хамилтон претходно ги продуцираше „Автомобили 2“, „Автомобили 3“ и „Зуландер 2“, а допрва треба да се пробие во актерството.
Џери Брукхајмер ќе биде продуцент, а Ерен Кругер ќе биде сценарист на сè уште ненасловениот проект.
Comments