Бред Пит забележан како се држи за рака со поранешната сопруга на Пол Весли
- Aleksandar Santovski
- Nov 17, 2022
- 1 min read
Љубовниот живот на Бред Пит отсекогаш ја интригирал јавноста, а светските медиуми повторно пишуваат дека оскаровецот има нова љубов.
Тој пристигна на концертот „Бон Вокс“ во Лос Анџелес со Инес де Рамон, поранешна сопруга на Пол Весли, ѕвезда од серијата „Вампирски дневници“.
Според медиумите, Бред и Инес се обиделе да бидат воздржани. Актерот се чинел одлично расположен, ја држел за рака и ја влечел кон себе“.
Бред за таа пригода е лежерно облечен во фармерки и сив широк џемпер, а носи и кафеава шапка, а Инес на себе има црни кожени панталони и кратка бела маичка, во комбинација со светложолта чанта.
Изворите на „Дејли мејл“ откриваат како Бред ја запознал Инес со своите славни пријатели и сите разговарале во еден простор кој бил затворен за пошироката јавност.
Кога го напуштија делот за славни личности, Бред и Инес се задржаа на дистанца додека ги поздравуваа фановите.



Comments