top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бред Пит го продаде својот имот по пониска цена од проценетата

Бред Пит го продаде својот луксузен имот во квартот Лос Фелиз, Лос Анџелес, каде што живееше со поранешната сопруга Анџелина Џоли и нивните деца. За куќата, која ја купи за 1,7 милион долари пред речиси три децении, холивудскиот актер постигнал цена од 39 милиони долари, пренесува ТМЗ. Имотот претходно беше проценет на 45 милиони долари во јануари, но не е познато што предизвикало пад на цената. Имотот, кој се простира на речиси четири илјади квадратни метри, има сала за бал, скејт-парк, кино, базен, тениски павилјон, гаража за мотори, камена куќа и езеро. Куќата ја купил во 1994 година од Касандра Петерсон и со текот на времето ја проширил градината купувајќи повеќе околно земјиште. Интересно е тоа што кога го купил имотот на хорор-иконата Елвира, актерката тврдела дека нејзиниот дом е опседнат од духови. Пит (59) живееше тука со своето семејство до разводот во 2016 година, а сега наводно сака да се пресели поради својата нова девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон (29), а јасно е дека не планираат да живеат во таа куќа. Двојката почна да се забавува во ноември и, според извор близок до ѕвездата, станале многу блиски во последните месеци. Тој веќе ја запознал Инес со повеќето од шесте деца што ги има со Анџелина.



1 view

Comments


bottom of page