Search
Бред Пит ги покажа своите скулптури и призна дека размислува каде згрешил во врските
- Aleksandar Santovski
- Sep 21, 2022
- 1 min read
Актерот Бред Пит не престанува да нè изненадува како со своите модни изданија така и со изјавите во кои открива како се чувствува во последните години по разводот со Анџелина Џоли. Изминатиов викенд Бред го имаше своето деби како скулптор на групна изложба во уметничкиот музеј „Сара Хилден“ во Тампере, Финска. Деветте дела на Пит на изложбата вклучуваат голема гипсена плоча што претставува пукање, како и серија силиконски скулптури во облик на куќа, од кои секоја е погодена со куршуми од различен калибар.

Comentários