top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бред Пит во здолниште на премиерата на новиот филм

21.07.2022 Juli Cetvrtok

Бред Пит, каде и да се појави предизвикува голем интерес, а на неодманешната промоција на неговиот најнов филм „Воз куршум“ (Bullet Train ) во Берлин, причина плус за тоа беше фактот дека познатата филмска ѕвезда се појави во здолниште.

Бред Пит (58) за оваа прилика одбра лелеаво здолниште со соодветно кафено сако и виолетова ленена кошула. Сето тоа го надополниу со војнички чизми, откривајќи ги своите мускулести листови и неколку тетоважи, што ретко ги покажува.На неговото тело има доста тетоважи посветени на неговата бивша сопруга Анџелина Џоли.

Инаку, новиот филм на Бред следи петмина убијци во воз и на сите им се доделени различни, но поврзани задачи. Освен него, во филмот глумат и: Сандра Булок, Џои Кинг, Зази Бич и Бед Бани.


1 view

Comments


bottom of page