top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Брајтон договорил трансфер вреден 20 милиони евра со дански клуб

07.02.2024 Februari Sreda

Англискиот клуб Брајтон ја доби битката за потписот на 19-годишниот напаѓач Ибрахим Осман, кој во моментов е член на Нордсијаланд.

Данскиот клуб ќе заработи 19,5 милиони евра за талентираниот интернационалец од Гана, а тој ќе му се приклучи на премиерлигашот на почетокот на подготовките за следната сезона.

Осман ги поминал и лекарските прегледи пред да го потпише договорот, а во Нордсјеланд дебитираше пред точно една година.

Досега има 27 настапи за актуелниот клуб и Брајтон во него гледа голем потенцијал кој ќе може да ги докаже квалитетите во Премиер лигата.


7 views

Comments


bottom of page