top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Браун ја научил лекцијата: Пиев ракија со Јокиќ, но веќе никогаш нема да го направам тоа

Никола Јокиќ одигра клучна улога во шампионскиот поход кој го имаше Денвер, но исклучително важни беа и сите негови соиграчи, нешто што го нагласи и самиот МВП во големото финале.

Српскиот кошаркар беше во фокусот и за време на прославата на шампионскиот трофеј, а од тој период сега е откриена и една анегдота од страна на Брус Браун.

Историскиот успех донесе големо славје во цел град и играчите добија шанса да се напијат после напорната сезона во која издоминираа во секој поглед, а Браун открива дека направил голема грешка кога решил да пие ракија со Јокиќ.

Брун во меѓувреме направи трансфер во Индијана и си замина од шампионскиот тим, но за американските медиуми откри дека не можел да се соземе по ноќта која ја минал во пиење ракија.

– Пиевме некое српско виски (ракија) со Јокиќ и имав за цел да го напијам. Сепак, дојде до пресврт во тој случај. Тој е поголем од мене и воопшто не размислував за последиците. Не можете да пиете со него, ја научив таа лекција. Тој е поинаков од другите, веќе никогаш нема да пијам со него. Имав закажан лет следното утро, а јас се разбудив во 12:00 часот, – открива Браун.


1 view

Comments


bottom of page