top of page

Браун се сели во Жалгирис, Партизан добива обесштетување

19.06.2026 juni petok

Еден од најдобрите играчи но и најголеми „бунтовници“ во Партизан ги напушта „црно-белите“ и кариерата ќе ја продолжи во тимот на Жалгирис.Браун имаше уште една година од актуелниот договор, но сепак реши да го напушти српскиот клуб. Литванскиот тим прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, веќе ги донесе Едвардс од Виртус Болоња и Ли од Ефес, а со ангажманот на Браун ќе состави моќна бековска линија за периодот што следи.

Како што информираат српските медиуми, Литванците се согласиле и да платат отштета во висина од 530.000 долари.

Партизан ова лето остана и без услугите Вашингтон и Ник Калатес, а најавено е дека клубот ќе го напуштат и Осетковски, Бонга и Бруно Фернандо.


 
 
 

Comments


bottom of page