Браун по златото со Шпанија: Големо благодарам до критичарите, не е важно…
Репрезентацијата на Шпанија е победник на Европското првенство, а еден од најзаслужните за тоа резултат дефинитивно е Лоренцо Браун.
Браун доби шпански пасош пред овој турнир, одлука која беше доста критикувана во Шпанија, ама на крајот се покажа како вистинска на селекторот Скариоло и секако федерацијата.
Некогашниот играч на Црвена Звезда, Фенербахче и Уникс Казан имаше супер квалитетен настап на ЕП, беше вистински лидер на теренот, даваше кошеви, ја разигруваше екипата и помогна „црвената фурија“ да дојде до четвртото европско злато.
-Јас се надевав на ваков успех. Ова беше моја прва цел и дојде со многу проблеми, но успеавме, големо благодарам на критичарите, кој знае што ќе направивме без нив. Јазичната бариера, ни јас не знам што се случи, зборуваме на ист јазик на теренот. Не е важно од каде сте и каква боја е вашата кожа, ние сме браќа и тоа говори само по себе, овој златен медал, -рече Лоренцо и додаде:
-Нема да користам зборови, само ќе се смеам и ќе уживам во моментот. Секоја битка што ја водевме заедно, секоја акција што ја работевме, сè беше соодветно за нас, не бевме најдобри и најталентирани, но имавме храброст и работевме еден за друг, благодарение на сите што ми дозволија да дојдам овде и да играм кошарка најдобро што можам, -истакна Американецот кој се заборави да го спомене Руди Фернандез.
-Тој направи сè. Тој човек играше повреден, зборуваше во името на сите, беше вистински лидер, на теренот и надвор од него. Покажа како еден лидер треба да се однесува. Го жртвуваше своето тело за оваа земја и златниот медал. Усман Гаруба ми рече дека ќе победиме и ќе го земеме златото, немаше дилеми, -заврши Браун.
Comments