top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Братислав Ташковски добитник на „Антево перо“,„Антева златна книга“ за Влада Урошевиќ

03.09.2021 Septemvri Petok

Братислав Ташковски со книгата „Небесни разговори“ е добитник на наградата „Антево перо“ за оваа година. Наградата „Антев златник“ ќе се додели на Елизабета Баковска за збирката поезија „Сите болки станаа мои“ и на Димитар Аранаудов за книгата „Ѕвезден часовник“, додека пак добитникот на „Антев часовник“ е Марија Филипова за книгата „Твоите далги на брегот на Стикс“.

Оваа одлука ја донесе жирито во состав на проф. д-р Венко Андоновски – претседател и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски – членови, по разгледување на поетските книги кои беа претходно селектирани како кандидати за годинешнава награда „Антево перо“, а тоа се „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“ на Сузана Мицева, „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ, и „Светец“ на Ирена Павлова де Одорико.

Како што соопштија од тимот на „Антево перо“, оваа награда се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Во образложението се наведува дека Братислав Ташковски е веќе четири децении препознатлива константа на македонското поетско писмо; освен што е етаблиран поет со свој впечатлив поетски портрет, тој е и еминентен прозаист и драматург, чија литература се оствари и преку филмска форма.

Книжевниот великан Влада Урошевиќ, пак, ја доби наградата „Антева златна книга“ за долгогодишни книжевни остварувања од интерес на македонската книжевност, култура и идентитет, за оваа година. Ова признание се доделува по потреба, само за највисоки книжевни остварувања кои се покажале конститутивни за македонската книжевна реч. Признанието првпат беше доделено во 2020-та година, на Михаил Ренџов. Наградата „Антева златна книга“ се состои од книга поетски ракописи од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Од тимот на „Антево перо“ во своето образложение посочуваат дека Влада Урошевиќ е магистрална фигура на македонската книжевност, полиграф кој постави високи стандарди во нашата книжевна реч и повлече изохипси кои не се надминати во поезијата, прозата и есејот.


5 views

Comments


bottom of page