Бракот на Деп и Херд заврши со заемна злоупотреба, вели терапевтот
15.04.2022 April Petok
Поранешната терапевтка за двојки на Џони Деп и Амбер Херд тврди дека тие меѓусебно се злоупотребувале во последните месеци од нивниот бурен брак.
Видеосведочењето на д-р Лорел Андерсон беше пуштено пред поротниците на третиот ден од судењето за клевета во Вирџинија.
Деп ја тужи својата поранешна сопруга поради статија што таа ја напишала, а во која себеси се опишува како жртва на семејно насилство.
Деп негира каква било злоупотреба и бара таа да му исплати отштета во висина од 50 милиони долари.
Херд поднесе противтужба од 100 милиони долари.
Психотерапевтката рече дека славниот пар бил кај неа на неколку терапевтски сесии помеѓу октомври и декември 2015 година. Херд поднесе барање за развод во мај 2016 година по само 15 месеци брак.
И Деп и Херд сакале да ги прекинат сесиите поради расправии.
Comments