Бразилската ѕвезда на Реал му одговори на Видал: Тој е неутешен……
Артуро Видал испрати закана до Реал Мадрид и порача дека „ќе им биде искршен задникот“ на Светското клупско првенство кое се игра наредната година, турнир на кој обично во финалето играат европскиот и јужноамериканскиот шампион.
Фламенго ја освои титулата во Копа Либертадорес и си обезбеди учество на клупскиот мундијал, а за време на големата прослава во Бразил, во фокусот се најде „Кинг Артуро“ кој имаше порака за „кралевите“.
Неговата закана многумија ја пречекаа со насмевка и иронија поради ужасниот рекорд кој го има против Реал Мадрид, па на тоа сега се надоврза и изјавата која ја даде младиот Родриго.
– Сметам дека Артуро е неутешен од она што го има доживеано од Реал, но нема потреба да зборуваме многу за тоа. Видовме некои видеа кои дојдоа од таму, но да го оставиме тоа настрана.
– Го гледавме финалето во Либертадорес, но тоа не е нешто што е важно во моментов. Имаме уште многу работи за играње пред Светското клупско првенство. Кога ќе дојде тоа на ред, ќе зборуваме за тоа, – изјави Родриго.
Инаку, Артуро Видал важи за најголемиот губитник кога се во прашање натпреварите против Реал, бидејќи во осум наврати има загубено од „кралевите“ како член на четири различни клуба (Јувентус, Баерн, Барселона и Интер).
コメント