Бразил нека му ја мисли: Пикси се поклони пред моштите на Чудотворецот и доби благослов!
Српските медиуми денес ја пренесоа официјалната објава од сајтот на православната Црногорско-приморска митрополија, каде што се открива дека во текот на вчерашниот ден селектрот на нивната репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, бил во посета на манастирот Свети Василиј Острошки Чудотворецот.
Тој се поклонил пред моштите на светецот и бил примен од архимандритот и братството на манастирот, при што добил икона од Свети Димитрија и благослов за подобар пласман на репрезентацијата на претстојното првенство во Катар.
Истовремено, српските медиуми истакнуваат дека Пикси има 10 пати помала плата од најскапо платениот селектор на овој Мундијал, Ханс Дитер Флик, чија заработка е 6,5 милиони евра, додека поранешниот фудбалер на Црвена Звезда добива 650.000 евра.
Со ваквата плата Стојковиќ е на 21. место од 32 селектори според листата на „Finance Football“, при што зад него се само три предводници на европски репрезентации: Далиќ (Хрватска) со 550 илјади, Мичниевич (Полска) со 500.000 и Пејџ (Велс) со 380.000 евра.
Дека успехот не е гаранција за високи примања говори фактот дека селекторот на актуелниот светски првак Франција добива 3,8 милиони евра, додека Герет Саутгејт има плата од 5,8 милиони евра.
Надвор од Европа најголема плата има Тите (Бразил) кој добива 3,6 милиони, по што следуваат Мартино (Мексико) и Скалони (Аргентина) со 2,9 односно 2,6 милиони.
Најдобра заработка од тренерите со потекло од бивша Југославија на оваа листа има Вахид Халилхоџиќ, кој добил 920.000 евра за тоа што го одведе Марко на светското првенство, но потоа заработи отказ.
Comments